Прашањето на вториот финалист во АБА кошаркарската лига ќе биде решено во четврток во Зеница, затоа што кошаркарите на Будуќност го победија Дубаи во Подгорица со 91-90, и го одведоа мечот во „мајсторка“. Почетокот на мечот им припадна на гостите, кои имаа предност, потоа Будуќност врати, па повторно Дубаи поведе, за на крајот да заврши со „егал“. Во вториот период домашните кошаркари носени од својата публика се стекнаа со предност од +7 ...

Кошаркарите на Будуќност се изборија за „мајсторка“ во полуфиналето на АБА лигата, триумфирајќи над Дубаи во вториот натпревар од серијата, со конечен резултат 91-90. Црногорскиот претставник се избори за тешка победа, затоа што Дубаи прикажа извонредна кошарка и на моменти се чинеше дека може да ја заокружи серијата со евентуална победа во Подгорица. Домаќинот водеше со 46-42 на паузата меѓу двете полувремиња, а потоа ја одигра најдобрата ...