Квалификацискиот турнир за млади кошаркари во организација на Евролига доживеа неочекуван и драматичен прекин поради безбедносната состојба на Блискиот Исток. Домаќин на натпреварувањето е Абу Даби, каде што настапуваат младинските тимови до 18 години на Реал Мадрид, Жалгирис, Арис, Монако, Дубаи, Абу Даби, Лондон и Валенсија. Во моментот кога се играше дуелот меѓу Монако и Арис, пристигнаа информации за ракетен напад на Иран врз американски ...

Турнирот „NextGen“ на Евролигата, кој се игра во Абу Даби, дефинитивно е откажан. Откако првично беше суспендирано натпреварувањето, беше објавено дека ќе продолжи, но сега Евролигата донесе конечна одлука да го откаже. Војната во Иран, иницирана од Израел и САД, влијаеше на многу спортски настани. Поради бомбардирањето, квалификацискиот турнир за играчи под 18 години во Абу Даби беше исто така прекинат, потоа Евролигата објави дека турнирот ...