Пред околу пет месеци Градот Скопје и Министерството за здравство соопштија дека проблемот со паркирањето на комплексот клиники „Мајка Тереза“ ќе се решава со изградба на неколку монтажни гаражи сместени на постојните паркиралишта, за кои, како што ни соопштија од Градот, ќе биде распишан тендер за нивно проектирање, набавка и монтирање. Столпчиња има, но голем дел се уништени Проблемот со паркингот на Клинички постои со години, но во ...
Од Град Скопје велат дека не веруваат дека евентуалното опфаќање на ресорот Здравство со најавената реконструкција на Владата ќе влијае на одлуката за изградба на монтажните гаражи, со оглед на тоа што, како што потенцираат, процесот мора да продолжи и мора да биде надминат долгогодишниот проблем на сегашниот Клинички центар, во интерес на пациентите и на медицинскиот кадар. Оттаму додаваат дека е во финална фаза изработката на тендерската ...

