ЕКИПА во Хернинг, Стеван Цаневски Капитенот Филип Кузмановски смета дека ако Данска е „недопирлива“, тогаш Португалија е селекција со која можеме да играме и да се обидеме да ја победиме. Според „Фитиљ“, најважно ќе биде да нема осцилации во нашата игра, а приоритет мора да биде одбраната – односно да се натераат Португалците да напаѓаат на наша поставена зона. „Можеби во грч отворивме со Данците, знаеме дека можеме да играме подобро од тоа. ...
Специјален известувач за „Дерби“ од Хернинг, Ристе Влахов Мечот со Данска е веќе зад македонската репрезентација која веќе утре има нов голем тест, пресметка со Португалија која рутински ја реши Романија на вчерашната пресметка на шампионатот. Португалците се исто така една амбициозно, моќна репрезентација, тим кој можеби не е на нивото на Данска, ама знае во секое време да „експлодира“, да ја казни секоја грешка и да се стекне со предност ...

