Најновото издание на НБА Купот полека дојде до својот завршен чин, а во големото финале во кое се соочија Никси и Спарси, на крајот славеа играчите на Њујорк со импресивен пресврт во последната четвртина. На крајот на третиот период се доби впечаток дека Сан Антонио ги контролира нештата на теренот и дека Вембењама е на пат да ја освои првата титула со трофејната франшиза, но поинакви планови имаа Џејлен Брансон и неговите соиграчи кои победија ...

Кошаркарите на Њујорк Никс се победници на овогодинешниот НБА Куп. Во финалето одиграно во Лас Вегас, тимот од „Големото јаболко“ ги победи Сан Антонио Спарс со 124:113 и го освои првиот трофеј во ова натпреварување. Најзаслужни за победата беа Ануноби со 28 поени и Џален Брансон кој постигна 25. Овој трофеј беше посебен момент за Њујорк, затоа што за првпат ќе кренат трофеј после повеќе од половина век. Последниот пат во 1973 година им беше ...