Кој си знае и тоа како си знае. Така и искусниот напаѓач, некогашен репрезентативец на Македонија вечерва покажа уште еднаш дека и натаму знае да постигнува голови. Во меч од 24.коло во ХНЛ, Македонецот во 64.минута ја затресе мрежата на Истра и успеа на својот тим Славен Белупо да му донесе победа од 1:0. Токму тој гол беше решавачки за победникот на овој меч во Копривница. Инаку овој гол на Илија Несторовски е шести сезонава во елитната ...

Илија Несторовски го постигна единствениот гол на дуелот меѓу Славен Белупо и Истра и донесе важни три бода за својата екипа. Единствениот натпревар од денешната програма во хрватското фудбалско првенство донесе многу шанси во првиот дел, но на реализација се чекаше до 64. минута, кога Македонецот доби одлична асистенција и не пропушти да реализира. За Несторовски ова е 39. гол на 75 настапи во хрватското фудбалско првенство, а за Славен ...