Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија одржа состанок и врз основа на записниците од второто плеј-оф коло во Суперлигата подели казни. Според одлуката на Дисциплинската комисија, судиската двојка Божиновски-Начевски е суспендирана на еден месец. Причината за такво нешто е арбитражата на дуелот меѓу Охрид и Алкалоид (27-27). По овој меч скопскиот тим испрати официјална жалба до РФМ, а истата вроди со плод. ...
Суспензија од 30 дена заработија судиите Даниело Божиновски и Виктор Начевски. Причината за суспензијата е начинот на кој го водеа дербито меѓу Охрид и Алкалоид кое заврши нерешено (27-27), а скопјани негодуваа и по мечот испратија официјална жалба до РФМ. Покрај судиите, казни заработија и претставници на двата клуба. Членот на управата на Алкалоид, Горан Минов, ќе треба да плати 40.000 денари, додека Славчо Ристески од ГРК Охрид е ...

