Откако од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ објавија информација дека заменик директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго од Демир Хисар, убил мечка и објавија негови фотографии со мртва мечка на која е со пушка, Основното јавно обвинителство во Битола отвори предмет за случајот. Од здружението најавија и кривична пријава за Дранго, а информираа дека фотографиите ги добиле на мејл. Дранго, пак за телевизијата Телма вели дека тој ...

Основното јавно обвинителство од Битола отвори предмет за заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго и започна истрага за да се утврди како настрадала мечката со која тој позирал на фотографија, при што во едната рака држи пушка. -По објавите во медиумите, оформен е предмет и се постапува за да се утврди што точно се случило. Ќе побараме од „Анима Мунди“ да ги достават нивните материјали и пријавите поднесени до надлежните институции, ...