Припадник на британските вооружени сили загина во Украина додека набљудувал тестирање на нов одбранбен капацитет, потврди Министерството за одбрана на Велика Британија, јавува Би-Би-Си. „Тој беше повреден во трагична несреќа додека набљудувал како украинските сили тестираат нов одбранбен капацитет, далеку од фронтовските линии“, се вели во соопштението. Британскиот премиер Кир Стармер изрази „најдлабоко сочувство до семејството“ на припадникот ...
Припадник на британската војска загина во „трагична несреќа“ во Украина, соопшти Министерството за одбрана денеска во Лондон. Инцидентот се случил за време на тестирање на украинските одбранбени капацитети, далеку од фронтовските линии. Според британски одбранбени извори, се верува дека смртта не е предизвикана од непријателски оган. Велика Британија претходно призна дека во Украина има мал број британски воени лица кои обезбедуваат безбедност ...

