Реконструкција на трите лабаратории и платото пред влезот, набавка на современа опрема, едукација на доктори и акушерки се само дел од реализираните проекти на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во рамките на процесот на реконструкција и набавка на нова опрема. На промоцијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Клиникиката Ирена Алексиоска Папестиев. Премиерот Мицкоски ...
„Нашата политика е prolife политиката, односно да испратам уште една порака до младите да се одлучат да се реализираат како родители, да се раѓаат што е можно повеќе бебиња, затоа што денеска видовме една статистика, за којашто јас често пати зборувам во јавноста, од 2016-тата до 2024-тата имаме за 6.000 помалку родени бебиња“, кажа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски при посетата на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство ...

