Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција по вториот круг од локалните избори изјави дека не планира да поднесе оставка од функцијата претседател на партијата. Сепак, потврди дека Ана Чупеска поднела оставка од позицијата потпретседателка на СДСМ. Поради лошите резултати на изборите, оставка поднел и кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, кој е и претседател на општинската организација на партијата. ...

Екс градоначалникот на Општина Струмица и поранешен пратеник од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов, се огласи по денешната одлука на раководството на партијата, оценувајќи ја како „движење напред“, објави Според него, дел од одлуките на СДСМ биле „исклучително нетактични“, но нагласува дека ваквиот чекор претставува позитивен сигнал за можни промени во партијата. „Како замрзнат член, сметам дека иако дел од претходните одлуки на раководството ...