Предмет на осомничениот апелационен судија Ѓоко Ристов застарел, откако тој не сторил напор да го заврши во разумен рок. Ова произлегува од увидот во дел од неговите предмети што ги правеле членовите на Судски совет. Името на предметот не беше соопштено, но Телма дознава дека станува збор за предметот познат како „Спец каса“ за злоупотребени 820.000 евра од УБК, каде меѓу обвинетите беше и Тони Јакимовски, ексначалник и шеф на кабинет на ...
Низа неправилности утврди Судскиот совет во предмети кои ги работел апелациоскиот судија Ѓоко Ристов кај кого соѕидани беа пронајдени 350 илјади евра. Од проверени девет, во пет предмети се пронајдени пропусти. Необјаснети одложувања, задоцнета објава на пресуди и застарувања констатираше Судски на денешна седница. Советот се сомнева дека судијата Ристов дал придонес во застарување на случајот Спец каса во УБК во кој на затворски казни беа ...

