Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската федерација на Македонија говори за одличните односи со ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ, инвестициите во фудбалската инфраструктура, солидарноста во европскиот фудбал и рамноправната позиција на сите национални федерации во УЕФА. Чеферин, кој престојуваше во Македонија на покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и го следеше натпреварот ...

Во период кога Македонија минува низ една од најтешките кризи во својата фудбалска историја, првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин во интервју за сајтот на ФФМ, изрази очекување дека повторно ќе бидеме дел од едно Европско првенство како што беше случај во 2021 година. Според Чеферин, потребно е уште време за Македонија да почне да прикажува подобри игри. „Луѓето постојано ги гледаат само резултатите на А репрезентацијата, но мора да ...