Годинава 4 жени се убиени од своите бивши или сегашни партнери. Во периодот од 2014 до 2024 година, пак 115 жени се жртви на фемицид, односно убиства и обиди за убиства. Државата треба не само декларативно, туку вистински да се заложи за превенција и реинтеграција на жените, жртви на родово базирано насилство- порачаа од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Оваа година се случија 4 фемициди, зотоа што сите сторители ...
За да зборуваме за превенција од тешки форми на насилство и фемицид, мора сериозно да се подигне свеста за системот на поддршка на жените кои се жртви на насилство во оваа држава и токму реинтеграцијата е исклучително важна, покажуваат истражувањата на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Во овој дел се вклучени домување, вработување, финансиска помош, психолошка помош и образование со што жената ќе стане економски ...

