Денеска, точно на пладне во КИЦ „Романса“ во Македонска Каменица, почнуваат активностите во рамки на четвртото издание на фестивалот „Јаков од Камена Река“. Во фоајето ќе биде отворен Саем на книги на добитниците на награди од сите досегашни фестивали и на членовите на Советот. На Саемот ќе бидат присутни Милијана Павловска, најчитан автор за 2023 според извештаите од библиотеките во Македонија, Далибор Трајков, најчитан автор за 2024 и 2025 ...

Во Македонска Каменица вчера се одржа 4. издание на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“. Фестивалот го отворија директорот Миле Ѓорѓијоски и градоначалничката Каменица Соња Стаменковска, а присутните ги поздрави и новинарот и публицист Љупчо Јолевски. Артистот и водител Игор Трпчевски читаше поезија од Тихомир Јанчовски. Настапија и актерот Благој Чоревски и членовите на фолклорната група „Копчака“ од селото Драмче Делчево. ...