Ига Швјонтек и Белинда Бенчиќ обезбедија пласман во третото коло на Ролан Гарос. Полската тенисерка ја елиминираше Сара Белјек од Чешка со сигурни 2-0, по сетови 6-2 и 6-3. Мечот траеше нешто помалку од час и половина, сосема доволно за третата светска тенисерка да ја оправда фаворитската улога. Во следната рунда, Швјонтек ќе се соочи со подобрата од дуелот меѓу Јелена Остапенко и Магда Линет. Што се однесува до Бенчиќ, таа беше подобра од ...
Рускиот тенисер Андреј Рубљев се пласираше во следната фаза на Ролан Гарос, откако го елиминираше Аргентинецот Камило Карабели со 3-1 во сетови (6-1, 1-6, 6-3 и 7-6/5). Рубљев имаше мали проблеми, особено во вториот сет, но потоа покажа зошто е фаворит и не дозволи некое поголемо изненадување. Мечот траеше три часа и девет минути. Во третото коло ќе го гледаме и Карен Хачанов, кој беше подобар од уште еден Аргентинец, Марко Трунџелити, со ...
Ига Швјонтек обезбеди пласман во третото коло на Ролан Гарос, откако во Париз славеше над Сара Бејлек со 6:2, 6:3 и дополнително го подобри својот импресивен биланс на гренслемот на париската земјена подлога. Полската тенисерка, која четирипати го освојуваше трофејот на Ролан Гарос, сега има учинок од 42 победи и само три порази на овој турнир. Швјонтек титулите ги освои во 2020, 2022, 2023 и 2024 година, со што уште еднаш потврди дека е ...

