Килијан Мбапе влечеше повреда на коленото од крајот на 2025-та година, па иако се реши да игра во болки за да му помогне на Реал Мадрид, Французинот во два наврати мораше да каже „стоп“ и да прави принудна пауза. Првата беше за време на шпанскиот Суперкуп кој се играше во Џеда, а втората пауза беше актуелна во изминатите три недели, во кои се изнесоа и многу шпекулации околу тоа дека повредата е посериозна. Мбапе отиде на второ мислење во ...

Напаѓачот на Реал Мадрид , Килијан Мбапе, потврди дека е целосно закрепнат од повредата на коленото што ја претрпе минатата година, но нагласи дека „многу лажни работи се кажани“ на оваа тема, додавајќи дека неоснованите шпекулации се дел од животот на еден спортист од врвно ниво. Шпекулациите одеа до таму што велеа дека Мбапе може многу лесно да ги скине лигаментите, и да го пропушти финишот од сезоната и Светското првенство со Франција во ...