5 месеци беа потребни, Кривичниот суд – Скопје да ја достави пресудата за случајот за двојното убиство на малолетната Вања и пензионерот Панче. Бранителите на осудените реагираат дека судот бавно им го доставил документот, по што почна да тече рокот од 15 дена да поднесат жалба до Апелација. Нема законски рок за доставување на пресудите, но за судски случаи за кои има голем интерес би требало побрзо да тече процедурата, особено што осудените се ...

Пресудата на Кривичен суд со која Љупчо Палевски – Палчо и неговите другари беа осудени на доживотен затвор за двете убиства на Вања и Панче, пет месеци патувала од зградата на Кривичен суд до Апелација. Двете згради се оддалечени помалку од 200 метри. Објаснување зошто е така, засега нема. Казните судот ги изрече во јуни, а отсега почнуваат да течат рокови за жалби. Одбраната најавува жалба до Апелациониот суд и ќе бара одржување јавна седница. ...