Сиа откри своја голема тајна. Пејачката, која го крие своето лице со перики, сподели со јавноста дека е во аутистичниот спектар. За време на гостувањето во „Rob Has a Podcast”, Сиа изјави: „Јас сум во спектарот и се опоравувам или што и да е. Има многу работи“. „Никој не може да те знае и да те сака кога си полн со тајни и живееш со срам. Дури кога ќе седнеме во соба полна со непознати лица и ќе им ги кажеме нашите најдлабоки, најтемни, ...

Две години откако се извини за начинот на кој беше прикажан аутизмот во нејзиниот филм „Music“, австралиската пејачка Сиа Фурлер откри дека и самата е во аутистичниот спектар, пренесе „Би-би-си“. За време на гостувањето во „Rob Has a Podcast”, поткаст посветен на американското реално шоу „Survivor“, ѕвездата рече дека нејзината дијагноза ѝ донела чувство на олеснување. „Цели 45 години си велев: ‘Мора да го ставам мојот човечки костум’, но во ...