Разликата во цените помеѓу електричните автомобили и возилата со класичен мотор се намалува во Германија, според експертот за автомобилска индустрија Фердинанд Дуденхефер. Во споредбата на најпопуларните модели, разликата падна под 3.000 евра, сметајќи ги попустите и промоциите, рече Дуденхефер. Пред една година, разликата беше повеќе од двојно поголема. Анализата ја споредува просечната пазарна цена на 20-те најпродавани модели, а ...

Во изненадувачки потег, „Honda“ изјави дека електричните автомобили не се крајната цел на компанијата, туку само едно од средствата за постигнување јаглеродна неутралност до 2050-та година. Иако производителот минатата година објави инвестиција од 68 милијарди долари во електрификација, неодамна тој буџет беше намален за 30%. Дополнително, компанијата се откажа од претходниот план електричните автомобили да сочинуваат 30% од продажбата до ...

Глобалната продажба на електрични возила пораснала за 21% на годишно ниво во јули, што е најбавната стапка на раст од јануари и побавно од зголемувањето од 25% во јуни, бидејќи продажбата на plug-in хибридни возила во Кина ослабе, соопшти во среда компанијата за истражување на пазарот Rho Motion. Глобалната продажба на електрични возила со батерии и plug-in хибридни возила се зголемила на 1,6 милиони единици во јули, покажаа податоците на Rho ...