Во Кочани одново се сочустува, овој пат родителите и блиските на настраданите во Пулс излегоа по градските улици за да одадат почит на настраданите во дискотека во Кран-Монтана, Швајцарија. Освен пораките испишани на мајчин јазик, утешните зборови беа споделени и на француски, а присутните пуштија во воздух 40 бели балони за истиот број загубени човечки животи во Швајцарија. Се палеа и свеќи за спомен на починатите, и тоа во форма на срце. ...
Со запалени свеќи и во тивка, достоинствена атмосфера, попладнево во Кочани се одржа мирен собир под мотото „Два града – иста болка“. Граѓани од различни генерации се собраа за да изразат сочувство и солидарност со семејствата на жртвите од трагедијата во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана. На собирот присуствуваа и родители на децата кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие порачаа дека длабоко ја разбираат ...

