Министерството за надворешни работи на Русија денеска истакна дека одговорноста за сите негативни последици од агресијата против Иран во целост ја носат Соединетите Американски Држави и Израел, кои, како што наведува, настојуваат да го уништат иранското раководство. „Вашингтон и Тел Авив повторно започнаа опасна авантура која регионот брзо го приближува кон хуманитарна, економска и, можеби, радиолошка катастрофа“, се наведува во коментарот на ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го осуди заедничкиот американско-израелски напад врз Иран како „неиспровоциран“, по телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи. Арагчи го информирал Лавров за чекорите што Техеран ги презема „за одбивање на американската и израелската агресија“. Во официјалното соопштение на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Лавров „го осудил неиспровоцираниот вооружен напад ...