Една жена загина, а стотици лица беа евакуирани од своите домови откако неколку региони во Албанија беа погодени од поплави по неколку денови на поројни дождови, соопштија властите во саботата. Телото на 75-годишна жена беше пронајдено во саботата во Девол, општина на југоистокот на земјата, по неколкучасовна потрага, соопшти полицијата. Жената, која беше пријавена за исчезната во петокот, беше однесена од водата од поплавите, додаваат ...

Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти албанската полиција. Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол. Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради ...