Силно невреме со дожд, ветар и град, попладнево го зафати главниот град, а улиците се поплавени со вода. Автомобилите се движат споро, а небото е затворено од сите страни. Се смрачи, сред ден. Најавата за локални невремиња имаше од УХМР, а прогнозата вели дека одредени делови ќе бидат под интензивни дождови, град, електрични празнења. Попладнево слично невреме имаше и во Светиниколско, Кичево, Велес, Штип, Полошкиот регион, Демир Хисар и ...
Силно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и локален град попладнево го погоди Скопје, предизвикувајќи поплавени улици и сериозни проблеми во сообраќајот низ повеќе делови од градот. За многу кратко време наврна голема количина дожд, поради што на повеќе критични сообраќајници се создадоа големи количини вода. Возачите се соочуваат со отежнато движење, а на одредени локации сообраќајот е целосно во прекин. Речиси сите делови од ...

