Еден од претендентите за највисок пласман во сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Струга Трим Лум веќе се смести во Анталија, Турција, каде ќе ја одработи главната фаза од зимските подготовки. Подготвителната фаза во Анталија, Турција има за цел тимот да ја подобри физичката и тактичката форма во пресрет на важните предизвици што го очекуваат во пролетниот дел од сезоната. Покрај интензивните тренинзи, Струга во Турција ќе ...
Анталија, 19 јануари 2026 (МИА) – Фудбалерите на Струга и Силекс одиграа денеска контролни натпревари во рамки на подготовките во Анталија пред стартот на пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Струга одигра нерешено 2-2 против словачки Тренчин, а головите за есенскиот вицешампион во ПМФЛ ги постигнаа Радески и Малески. Силекс ги почна подготовките во Турција со пораз од 2-1 од Бунјодкор од Узбекистан. Стрелец на ...

