Најдобриот македонски голман Столе Димитриевски и неговата Валенсија не успеаја да направат изненадување на гостувањето кај одличниот сезонава Вилјареал каде загубија со 2-1 во последниот натпревар од денешната програма од 25. коло во шпанската Ла лига. Гостите подобро го отворија натпреварот па поведоа со 0-1 со голот од пенал на Рамазани во 27. минута. Само четири минути подоцна Столе за првпат беше матиран откако Комесана стрелаше за 1-1. ...
Регионалното дерби меѓу Вилјареал и Валенсија посебно доби на тежина во последните три децении, а во изминатите неколку години, „жолтата подморница“ покажува дека е подоминантен клуб во регионот на Валенсија. Тимот на Марселино Гарсија Торал е третопласиран во Ла Лига во овој момент, статус кој го оправда и со пресврт победа во големото дерби со „лилјаците“. Столе Димитриевски и неговите соиграчи подобро го почнаа дербито и изгледаа навистина ...

