Поранешниот вицепремиер Артан Груби ќе остане во домашен притвор уште 30 дена на предлог на јавниот обвинител, а со одлука на Основниот кривичен суд. Обвинетиот за злоупотребите во Државната лотарија ќе го чува полицијата, така бараа АНБ и МВР, со објаснување дека му била загрозена безбедноста и на неговото семејство. Истрагата за Груби се одолговлечи, а тоа остава простор во јавноста за шпекулации и прашања- дали осомничениот ќе се спогоди, ...

Фотографијата на меѓународната потерница за Артан Груби веќе ја нема на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, откако пред два месеци поранешниот вицепремиер доброволно, со насмевка на лицето, се појави на граничниот премин „Блаце“ и беше уапсен. По повеќе од година и половина, уште не е завршена истрагата, ниту е донесена одлука дали ќе се поведе обвинение против него или ќе биде запрена постапката за сомнежите за проневера ...