Дербито на 23 коло од Премиер лигата носи голем судир на „Емирати“ во Лондон каде што фудбалерите на Арсенал го пречекуваат Манчестер јунајтед од 17.30 часот во натпревар кој има сосема поинаква тежина за двата клуба. „Топџиите“ ја бркаат титулата, додека „Црвените ѓаволи“ се обидуваат да бидат во трката за место во Лигата на шампионите. Арсенал е на врвот со 50 бодови, четири повеќе од второпласираниот Манчестер сити, но и има еден меч ...

Старото фудбалско дерби на Островот, помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед, може да се каже дека пристигнува во вистинско време, кога двата тима се во подем. Арсенал е лидер во Премиер лигата, има 15 бода повеќе од тимот од „Олд Трафорд“ и шанса да го продолжи маршот кон титулата за која чека повеќе од две децении. Судејќи според формата, избраниците на тренерот Микел Артета немаат причина да се плашат. Тие немаат пораз од 6 декември и средбата ...