Осум европски земји издадоа заедничка изјава како одговор на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување или зголемување на царини кон земјите кои не ја поддржуваат неговата намера за преземање на контрола над Гренланд. Во заедничката изјава, потпишана од Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија, се истакнува дека ваквите мерки го поткопуваат трансатлантското партнерство. – ...

Европската Унија се соочува со нова сериозна трансатлантска криза откако американскиот претседател Доналд Трамп ја реактивираше идејата за преземање на Гренланд и ја проследи со закани за воведување царини кон повеќе европски земји. Развојот на настаните предизвика силни реакции во Брисел, мобилизација на европските институции и јасни пораки за поддршка на Данска и Гренланд. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача ...