Вчера тргна првиот воз од Скопје до Куманово. Линијата ќе функционира два пати дневно, а во одредени денови возот ќе оди и до Бељаковце. Патувањето ќе трае 41 минута. Од следната година, како што најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кога ќе се изгради пругата до Крива Паланка, ќе оперира и до Крива Паланка. Тој најави дека предизвик за следниот период е да се пуштат возови и до Тетово и Гостивар, линијата до ...

Министерот најави дел од плановите за иднина. „Наша заедничка амбиција е во следниот период овие јас ги нарекувам градски возови бидејќи се работи за дистанци кои не се големи, да пуштиме градски возови до Тетово и до Гостивар. Секако амбиција е да се врати целата линија до Кичево, а понатаму до Штип и до Кочани. Тоа е следната амбиција за која се надевам за брзо ќе ве поканиме тука“, истакна Николоски на железничката станица во Скопје. ...