Ветеранот Алексис Санчез е спасител на тимот на Севиља. Тој го постигна единствениот гол вреден победа за тимот против Реал Сосиедад, носејќи златни три бода во битката за опстанок во Ла Лига. Санчез во 50. минута успеа да го постигне погодокот, кој му донесе важна победа на домашниот тим. Најдобро се снајде во шеснесетникот, и го измами голманот на Реал Сосеидад за огромни три бода. Севиља сега за момент избега од опасната зона, и освои 37 ...

Фудбалерите на Севиља остварија минимална, но значајна победа над Реал Сосиедад со 1-0 во натпреварот од 34. коло на шпанската Примера и скокнаа над опасната зона на табелата. Домаќините беа поопасни во првиот дел, со неколку обиди преку Чидера Еџуке и Немања Гудељ, но мрежите мируваа до паузата. Решавачкиот момент се случи во 50. минута, кога по акција во која учествуваше Нил Мопе, Алексис Санчез со силен удар донесе водство за Севиља од ...