Колумбија со убедливи 3:1 го совлада дебитантот Узбекистан во натпревар од групната фаза на Светското првенство 2026 и се искачи на врвот на табелата во својата група. Иако конечниот резултат изгледа сигурно, избраниците на Нестор Лоренцо мораа добро да се испотат против мотивираниот азиски претставник, кој постигна историски прв гол на мундијалите и долго време беше во игра за позитивен резултат. Колумбијците од самиот почеток ја контролираа ...
Колумбија по осум години се врати на светските шампионати и стигна до победа, на мечот во кој за противник го имаше дебитантот Узбекистан (3-1). Во главна улога беше Луис Дијаз, крилниот офанзивец на Баерн Минхен кој беше незапирлив и со еден гол и една асистенција ја донесе победата на јужноамериканската селекција. Дијаз го погоди дирекот во раната фаза од мечот, по што асистираше до Муњоз при водечкиот погодок за Колумбија. Узбекистан (на ...

