Италијанскиот прволигаш Наполи води против ФК Копенхаген по првото полувреме на вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите. Гостите водат благодарение на одличната соработка на Елиф Елмас и Скот Мектоминеј, двајца играчи кои одлично се разбираат и тоа го имаат потврдено и да други натпревари во тековнава сезона. Елмас ја имаше улогата на асистент, испрати прецизна топка од корнер, топка која Мектоминеј ја смести во мрежата на домаќините. ...
Елиф Елмас и неговиот Наполи не успеаја да стигнат до победа на гостувањето кај Копенхаген откако одиграа само 1-1 во натпревар од 7. коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Иако играа со фудбалер повеќе од 35 минута по директниот црвен картон на Дилејнии имаа водство од 0-1 со голот на Мектоминеј на асистенција на нашиот Елиф Елмас, наполитанците на крајот стигнаа само до бод (1-1), откако домаќините израмнија со погодокот на Ларсон ...

