Секогаш кога ќе видам спонзориран пост во вестите на единствената социјална мрежа што сè уште повремено ја проверувам – пост на некој локален политички екстремист или партија што ги негира климатските промени, се смета за попаметна од сите лекари и научници, шири лаги за труење на луѓето или проповеда пропаста на цивилизацијата – за момент се насмевнувам. Знам дека залудно потрошиле неколку евра од некој „културно-воен“ буџет, фрлени во празно. ...
Традиционални медиуми, како ТВ станици, весници и радио станици се уште се најмногу користени за секојдневно следење содржини за општествено-политички актуелни настани – две третини од граѓаните на ЕУ (66 проценти), иако и другите дигитални извори, како социјални медиуми, видео или платформи за стриминг, блогови, онлајн портали за вести се изеденачуваат и рекле дека ги користат 59 проценти од испитаниците, покажува Евробарометарот 2025 за ...

