ДУИ бара од МОН и од заменик-министерот Сулејмани јавно да објаснат како бил обезбеден еднаков третман на учениците и дали критериумите, постапките и резултатите биле анализирани и според етничката припадност Помалку од 10 проценти од вкупниот број доделени ученички стипендии за учебната 2026/2027 година им припаднале на албански ученици, обвинуваат од Демократската унија за интеграција (ДУИ) и бараат одговорност од партијата Влен и ...

Само 80 албански ученици добиле стипендии од вкупно 817 доделени за учебната 2026/2027 година, што според ДУИ отвора прашања за еднаквиот третман и застапеноста на учениците при доделувањето на финансиската поддршка. Од партијата посочуваат дека албанските ученици учествуваат со помалку од 10 проценти во вкупниот број доделени стипендии, а особено го издвојуваат податокот дека во категоријата талентирани ученици, од вкупно 50 стипендии, ниту ...