Граѓани се жалат дека веќе трет ден не можат да извршат уплати на сметки во пошта бидејќи не им работи системот. – Три дена се шетам по шалтерите во поштите во Скопје и не можам да ја завршам работата. Вработените велат дека имало некаков дефект, но не знаат кога ќе биде отстранет – се пожали читател на Плусинфо. Неофицијално дознаваме дека проблемот настанал од невремето, и дека ИТ секторот во централата работи на отстранување на дефектот. ...

Откако граѓани споделија на социјалните мрежи дека не може ни да пратат писмо преку Македонска пошта, ниту, пак, да подигнат пратка, се огласија и од ова државно претпријатие. „АД Пошта на Северна Македонија ја информира јавноста дека е точно оти веќе три дена информатичкиот систем на компанијата не е во функција поради дефект на серверската инфраструктура. Во овој момент причините за дефектот сè уште не се познати и не може да се тврди дека ...