Хамес Родригез не се чувствувал добро по пријателскиот натпревар меѓу Колумбија и Франција, па завршил во болница, каде бил задржан за дополнителни прегледи и лекување. Колумбиската ѕвезда се вратила во Минеаополис, каде настапува за екипата на Минесота и имал неочекувани симптоми со кои ги загрижил клупските лекари. Објаснувањето е дека Хамес имал проблем со дехидрираност и состојбата му е подобрена откако завршил на болничко лекување ...
Колумбиската фудбалска федерација објави дека капитенот на националниот тим, Хамес Родригез, бил хоспитализиран поради болест што не е поврзана со спортот. Искусниот 34-годишен Хамес Родригез беше хоспитализиран по пријателскиот натпревар против Франција во Мериленд. „Ја информираме јавноста и медиумите за здравствената состојба на капитенот на колумбиската репрезентација, Хамес Родригез. По контактирањето со медицинскиот центар во Минесота, ...

