На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов, претседателот на македонската партија Левица, Димитар Апасиев, заедно со членот на Президиумот на партијата, Александар Симонов, се наоѓаат во официјална посета на Руската Федерација по повод јубилејното одбележување на 80 години од победата над фашизмот. Во срцето на Паркот на победата во Москва, во чест на 9 Мај — Денот на победата, Апасиев ...

Како што соопштија од партијата, во рамки на одбележувањето на јубилејните 80 години од победата над фашизмот, Апасиев денеска одржал говор во Паркот на победата во Москва, каде што истакнал дека Левица се бори против историскиот ревизионизам и ги брани вредностите на антифашистичката борба. „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз против заедничкиот непријател. Во борбата против фашизмот бевме ...