Откако ОЈО ГОКК ја затвори финансискиот дел од истрагата за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, во вредност од над 167 милиони евра, од обвинителството соопштија дека се уште трае истрагата за еколошкиот дел и се испитуваат сомнежите дека со набавениот мазут од страна на РКМ е предизвикано и загадување. Направено е вештачење во Србија, и резултатите се пристигнати во земјава, но нема експерти кои би можеле да дадат стручно ...
Постапката во предметот за увезениот мазут, односно делот кој се однесува на составот на мазутот и неговото евентуално влијание врз животната средина не е запрена, туку е издвоена од другиот, затворен дел и по неа активно се постапува, соопшти Основното јавно обвинителство. „По добиеното вештачење од Р.Србија, обвинителството побара номинација на експерти од областа на заштита на животната средина од повеќе високообразовни институции со цел ...

