Стеф Кари ги пропушти претходните пет натпревари на Голден Стејт, но утринава се врати со одличен индивидуален ефект во поразот од Минесота. Искусниот кошаркар одигра 32 минути и постигна 39 поени, но не беше награден за одличното издание со позитивен резултат на својата екипа, која не успеа да го задржи расположеното трио Рендл-Гобер-ДиВинченцо. НБА фановите во арената во Сан Франциско се воодушевија од Кари уште пред почетокот на средбата, ...

За шутерските квалитети на Стеф Кари не треба да се трошат многу зборови. Бекот на Голден Стејт вориорс е еден од најдобрите, а за многумина и најдобар шутер на сите времиња. Уште додека Голден Стејт играше во „Оракл Арената“, ритуал на Кари беше барем еднаш да шутира од тунелот кој води кон соблекувалните. Oткако тимот е преселен во „Чејс центарот“, тунелот е подалеку, но тоа не е проблем за Кари и постојано покажува дека има неверојатна ...