Екипа составена од Скоти Барнс (Торонто), Девин Букер (Феникс), Кејд Канингем (Детроит), Џејлен Дурен (Детроит), Ентони Едвардс (Минесота), Чет Холмгрен (Оклахома), Џејлен Џонсон (Атланта) и Тајрис Макси (Филаделфија), победи на годинешниот ол-стар во НБА лигата кој се играше во Лос Анџелес. Бекот на Минесота тимбервулвс, Едвардс, беше прогласен за најкорисен играч (МВП), откако го предводеше својот тим од американски „Ѕвезди“ до убедлива ...

Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс го доби МВП признанието за Ол-стар натпреварот во 2026 година. Тој го предводеше својот тим „ѕвезди“ до триумф од 47-21 против сонародниците од составот „Пруги“ во финалето на ревијалниот турнир одржан во Лос Анџелес. Тоа беше четврта година со нов формат на Ол-стар средбата, а овој пат американските екипи се спротивставија на екипата од светот. Целта беше да се поттикне националната гордост и ...