Ротари клуб Кочани–Виница реализираше две значајни хуманитарни и општествено корисни активности со кои директно се унапредуваат условите за живот и безбедноста на граѓаните. Првата донација опфаќа 170 нови инвалидски колички, наменети за лица кои имаат потреба од поддршка во секојдневното движење, со што се овозможува поголема мобилност и достоинство за корисниците. Втората донација е противпожарно возило за Виница, кое е предадено во рамки ...

Ротари клубот „Кочани – Виница“ обезбеди 170 инвалидски колички наменети за лица од целата држава кои имаат таква потреба. Од набавените 170 – 150 колички се мануелни, а 20 се акумулаторски, односно автоматски инвалидски колички. -Станува збор за поголема хуманитарна донација која се реализира од нашиот клуб и нашиот партнер GNTC Foundation од Косово, кои покажуваат дека хуманоста нема граници, се наведува во соопштението на претставниците на ...