Моменти на паника и тензии беа регистрирани во Арачиново за време на полициска потера која заврши со пукање од огнено оружје среде населено место. Жителите велат дека настанот предизвикал страв кај граѓаните, а дел од нив завршиле и во тешка емоционална состојба, известува ПорталX. Според очевидци, полициската единица „Алфа“ бркала камион низ улиците на селото, по што се слушнале истрели од автоматско оружје. „Тука се случи случај, единицата ...
– На 24.05.2026 околу 12:00 часот на влезот во село Арачиново, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило натоварено со дрва, но возачот не застанал и продолжил со движење. Потоа, возачот го насочил товарното возило кон полициските службеници и службеното возило, по што полициските службеници испукале предупредувачки куршуми во воздух. Возачот ги истоварил дрвата на улицата и со возилото се дал во бегство, ...

