Лозарите и оваа година се соочуваат со сериозни проблеми при откупот на грозјето, а најголем дел од нивните забелешки се однесуваат на условите под кои се врши исплатата. Како што велат производителите, доколку им бидат исплатени средствата за предаденото грозје веднаш, откупувачите им задржуваат 8 отсто од вкупната вредност. Дополнително, се плаќа и 2 отсто данок, што значи дека уште на самиот почеток лозарите остануваат без 10 отсто од ...

БИТОЛА = Во моментот се откупуваат раните сорти грозје. Шардоне се откупува по цена од 29,5 денари, ризлингот по 29,5 денари, а темјаниката по 35,5 денари за килограм. Се очекува бербата на овие сорти да заврши до овој понеделник. Меѓутоа, најголемиот проблем оваа година не е само откупната цена, од која лозарите не се задоволни. Многу поголем проблем е што лозарите немаат договори за продажба на грозјето од сортите вранец и кратошија, велат ...