На вториот кат од ТЦ „Скопје сити мол“, денеска и утре, од 11 до 16 часот, отворен е за посетители 3. Саем на образование и кариера, кој го организира студентската и младинска информативна платформа „Студентарија“. Учествуваат 12 универзитети од земјата, јавни и приватни, во чиј состав вкупно се повеќе од 120 факултети. Саемот е наменет, пред сè, за средношколците матуранти, кои треба да одлучат каде да го продолжат образованието, како и за ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска присуствуваше на отворањето на Саемот за образование и кариера 2026, што трета година по ред го организира студентската иницијатива Студентарија во соработка со Скопје Сити Мол. Во своето обраќање преку присутните посочи дека станува збор за одлична идеја за промоција на македонското високо образование и за поврзување на високообразовните установи со компаниите и бизнис секторот, а со крајна ...

