Највозбудлив натпревар во НБА лигата рано утрово требаше да биде оној меѓу Чикаго и Мајами, но иако одговорните лица цели два часа се обидуваа да оспособат услови за игра, на крајот не дојде до такво нешто. Обилните врнежи во Чикаго и влажното време направија да има огромна влага во „Јунајтед центарот“, па на крајот не помогнаат ниту најсовремената опрема за сушење на теренот. И покрај електричните направи и обичното чистење со крпи, играчите ...
Натпреварот од регуларната сезона на НБА лигата помеѓу кошаркарите на Чикаго булс и Мајами хит не се одигра во четврток навечер поради кондензација во „Јунајтед центар“, што го направи теренот небезбеден за игра. Почетокот на натпреварот беше одложуван неколку пати, а публиката чекаше речиси два часа пред официјално да биде објавено дека натпреварот ќе биде одложен. Од Чикаго соопштија дека билетите ќе важат за презакажаниот натпревар. Во ...

