Конкурентите Овче Поле и Победа Валандово под притисок без да погрешат. Во рамки на 20. коло на Трета лига – Исток екипата на Овче Поле на Градскиот стадион во Свети Николе како фаворит ќе го пречека Дојранско Езеро. „Овчарите“ не смеат да си дозволат пораз, само три бодови е опција на патот кон првото место односно баражот за Втора лига. Лидерот Победа Валандово на домашен терен ќе се соочи со Тиверија од Струмица, каде „калинкарите“ под ...
Денес во рамки на 20. коло во Трета лига – Исток во Валандово не се одигра мечот меѓу Победа и Тиверија, откако гостинската екипа од Струмица не допатува во Валандово, па со тоа „калинкарите“ добиваат службена победа од 3:0 и службени три бода. „По чекање од 30 минути, гостинската екипа не се појави на теренот за игра. Судиите, делегатот, контролор и сите официјални лица од домашната екипа беа присутни на теренот. Натпреварот не започна ...
Победа Валандово службено до нови три бода, останува лидер во Истокот Фудбалерите на ФК Победа Валандово без игра стигнаа до нови три бода во 20. коло од Третата лига – Исток, откако екипата на ФК Тиверија не се појави на денешниот натпревар на Градскиот стадион во Валандово. Средбата беше закажана за 17 часот, но по истекот на официјалниот рок и спроведената процедура, стана јасно дека гостинскиот тим нема да допатува. Согласно пропозициите, ...

