СДСМ обвини дека економските политики на Владата предводена од Христијан Мицкоски довеле до масовни отпуштања и влошување на економската состојба на граѓаните. Според партијата, во изминатиот период без работа останале над 1.500 лица, што, како што наведуваат, претставува сериозен удар врз илјадници семејства. Посочуваат дека само минатата недела компанијата „Артекс“ од Кочани престанала со работа, при што околу 100 текстилни работници ...

Кризата не е само во Македонија, туку е глобален феномен, но премиерот Христијан Мицкоски денеска потенцира дека државата има јасен правец и стратегија како да се справи со економските предизвици, без избрзани одлуки кои би можеле да создадат дополнителни ризици. Тој ова го истакна одговарајќи на новинарски прашања, при посета на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде беа пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали. „Ние ...