Македонскиот стратег Југослав Тренчовски зад себе остава извонредна сезона во словенечката Прва лига, откако со Радомље успеа да испише клупска историја. Македонскиот стратег го презеде тимот оваа сезона и веднаш остави силен печат, носејќи му на Радомље најголем број освоени бодови во историјата на клубот. Под негово водство, екипата го надмина и минатосезонскиот учинок за дури десет бодови. Особено внимание привлече со победите против ...

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски ги собра симпатиите во фудбалската јавност на Словенија откако го предводеше тимот на Радомље до шестото место на табелата. Пласманот сам по себе не кажува премногу, но мора да се истакне дека Радомље пред сезонава беше најавуван како главен кандидат за испаѓање, но нашиот стручњак не само што бележеше добри резултати, туку до нив дојде со атрактивен напаѓачки фудбал. До Тренчовски во изминатите месеци ...