Oпозицијата ги осудува предложените измени на Кривичниот законик, во кои гледа обид на Владата да ги заштити своите функционери од потенцијално кривично гонење, во услови на зголемени критики за корупција. Професор Мирјана Најчевска во носењето на измените гледа можен договор на власта и опозицијата и купување на гласови за уставните измени. Пратениците на опозицијата се против предложените измени на Кривичниот законик во Собранието, за кои ...

Покрај тоа што против донесување на измените на Кривичниот закон е опозицијата, се чини дека несогласување има и внатре во Владата. Неофицијално извори од Министерството за правда тврдат дека против овие измени е и министерот Кренар Лога кој одбил да стави потпис на предложените измени на законот. Иако, како што велат нашите извори, имало обиди да се убеди Лога да стави потпис, сепак тој одбил и тоа морала да го стори заменик министерката ...